На денешната собраниска седница за интерпелација на Владата, пратеникот Самка Ибраимовски имаше интересна дискусија:
„Јас сум мисловна именка за тебе и тоа ти добро го знаеш. Јас сум име и презиме во Тетово…. ти како вагабонт со војводите, а јас како еден чесен стопанственик, кој доста придонел за оваа држава и доста даноци платил за разлика од тебе што работиш од сите страни и што им земаш арач на болни по 300 – 400 евра. Да знаат граѓаните каков доктор имаме во Тетово. Самка сите го знаат во Тетово. Самка е Тито за тебе, тоа да го знаеш“, рече Ибраимовски.
Самка му порача на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ дека неговиот крај ќе бил многу лош и дека тој лично ќе го провери неговото криминално богатство стекнато за време на ВМРО-ДПМНЕ.