Вие велевте дека владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е криминална, неодговорна, недомаќинска.

– Ќе одговара ли некој функционер на ДУИ за тој “криминал“? – НЕМА! Зошто? Затоа што ќе ви падне Владата – рече Ѓорчев во својата реплика кон Радмила Шеќеринска.

Тој се обрати до пратениците на СДСМ и ги праша дали се уште го имаат истото мислење за ДУИ, кои сега се нивни коалициони партнери во Владата.

– Подготвени сте да прифатите секаков трул договор само за да ви опстане владата. Ништо од тоа што го ветивте не се исполни – додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 14:22