Во дискусијата по повод гласањето на недоверба на Владата на Република Македонија, во дијалог помеѓу пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Министерот за одбрана и Потпретседател на Владата Радмила Шеќеринска, Ѓорчев истакна дека од ДУИ нема никој да одговара бидејќи ако двајца кивнат, Владата ќе падне

– Обвинувавте дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ била криминална. Па добро, ќе одговара ли некој од ДУИ? Не. Се удрила полицајката во „пајакот“. Нема да одговара никој од ДУИ. Двајца да кивнат ќе ви падне владата, реплицираше Ѓорчев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 14:26