Критики до власта за неисполнети ветувања од изборната програма и за влошувања на состојбата во економијата, упатија пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека на опозицијата и е суспендирано правото за поднесување амандмани истакнувајќи дека единствена работа за една година на новата власт е донесениот Закон за јазици.

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, пак, забележа дека новата Влада стартувала со 133 милиони евра само за камати од долгови кои ги создала претходната власт.

- Денеска имавте многу зборови, а ниту една бројка. Немате ниту една бројка заради тоа што не можете да и објасните на јавноста како очекувате една влада за не помалку од 10 месеци да го сработи тоа што го упропастивте за повеќе од 11 години, рече Шекеринска.

Многу граѓани, додаде, без разлика за кого гласале дури и тие кои гласале за нас имаат огромно незадоволство, кое доаѓа од тоа што ќе видат десетина луѓе потпишани на списокот за интерпелација, а се уште не ги добиле стоте години робија што ги заслужиле.

Во контрареплика Влатко Ѓорчев, праша дали за тоа што го зборува Шекеринска ќе одговараат функционери од ДУИ.

- Се и да било така, се да е така, како што кажавте ќе одговара ли еден функционер од ДУИ. Нема зошто ќе ви падне Владата и затоа што по секоја цена сакате да ја одржите Владата. Нема трул компромис кој нема да го направите, рече Ѓорчев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 14:55