Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, користејќи го своето право на реплика на говорите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на РМ посветена на прашањето за доверба на владата, го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието.

„Од интерес на граѓаните и власта, со опозиција во парламентот можеме да имаме подобра власт" рече премиерот Заев од собраниската говорница.

Тој нагласи и дека единствените реформи кои се остваруваат со побавно темпо се оние на кои влијаат затекнатите долгови во висина од неколку стотици милиони евра направени од претходната гарнитура, потенцирајќи дека владата нема да си дозволи нови скапи кредити за да враќа долгови.

„Не можевме да предвидиме колку е финансиски урнисана државата“, истакна премиерот Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 17:50