Претседателот на Владата Зоран Заев на денешната седница за доверба на Владата го поздрави враќањето на опозицијата во работата на Парламентот и, како што кажа, тоа е во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и интерес и на власта заради тоа што со опозицијата може да биде само подобра власт.

Заев, одговарајќи на обвинувањата на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски, кажа дека ова е конструктивна дебата и треба да биде коректив на власта, бенефит што граѓаните го добиваат кога опозицијата е активна во Парламентот.

- Единствено што не успеавме досега да го исполниме, согласно прецизните ветувања, е затоа што не можевме да предвидиме колку е заробена државата, колку е финансиски урнисана, колку е душмански ограбена. И не сакаме да земаме стотици милиони кредити и да расте долгот, а патем долгот е паднат за еден процент во време на враќање на огромни долгови или 280 милиони евра само од „Скопје 2014“, 60 милиони во здравство, 50 во МВР, 30 милиони во одбрана и да не ги редам сите министерства натаму какви беа состојбите во државата. Точно, верувавме во големата дупка, но не верувавме дека постои разлика, рече Заев.

Тој потенцираше дека не е точно тоа што е кажано за именувањата во делот на Владата.

- Впрочем, доказ се 11 спогодби со сите кои го нападнаа генералниот секретар на Владата на оваа тема, а денеска потпишаа спогодби за извинување и тоа е точно, потврдете го. Дваесет и пет отсто не се променети институциите во државата, рече премиерот.

Тој истакна дека нема отпуштени вработени од администрацијата туку дека станува збор за луѓе чии договори за дело веќе истекле.

- Договорите на дело единствено се тие кои завршија. Во институциите најмногу локални, жално е што ги лажете луѓето и требало да им дадете решенија за работа. И тука е вашиот пропуст, ама ги трупавте колку можевте и колку најдовте за пусти популизам да се изгради и додржи власта и кој да влезе во Собранието, рече Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 18:43