Јовановски рече дека очекувал од Заев барем да се извини за 180-те илјади евра трошоци за министрите. Кажа дека оваа Влада не треба да го прави тоа што го правела претходната, што владејачката мнозинство ја критикува.
Во однос на обвинувањата на Јовановски за отпуштања на вработени во администрацијата, министерот за информатичко општество и администрацијата Дамјан Манчевски побара од опозицијата да именува барем едно лице вработено на неопределено време во администрацијата кое било отпуштено.
- Ние ги сменивме политички именуваните функционери, според закон, рече Манчевски, кој ги цитираше критики од Извештајот на ЕК за Македонија за 2016 година во делот на администрацијата, како и денешната позитивна оценка за состојбите во Македонија на Фридом хаус.
Јовановски кажа дека поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Сузана Анова која била вработена во Министерството за труд и социјална политика Сузана Анова, била наводно отпуштена поради фејсбук статус.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во репликите, исто така го обини Манчевски за злоупотреба на средства за Дигиталниот самит што следната недела ќе се одржи во Скопје.