Пратеникот Џевад Адеми од ДУИ истакна дека на Македонија не и се заканува никаква опасност од албанскиот јазик и од рамноправни граѓани Албанци. Според Адеми, кај една третина од граѓаните Албанци, ВМРО-ДПМНЕ се доживува како антиалбанска партија, и оти тие изгубиле гласови на изборите само поради тоа што коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ.

Го повика премиерот Заев да продолжи со досегашната политика и да продолжи со контактите со соседите, со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со бугарскиот Бојко Борисов, со Харадинај, Брнабиќ... Го охрабри да продолжи на членовите на неговата Влада да им навестува реконструкција бидејќи никој што е избран не е вечен. Ова гласање доверба е добра прилика да направиме рекапитулација на она што досега е сработено.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 18:46