Алијансата за Албанците на гласањето за доверба на Владата ќе гласа „воздржано изјави Зијадин Села. Тој додаде дека премиерот Зоран Заев не ја заслужува поддршката за доверба.
“Еден семеен режим се уништи, се раѓа друг. Јас сум ти ја дал поддршката кога се избра за премиер, денес не ја заслужуваш поддршката за доверба. Гласот на Алијанса за Албанците ќе биде воздржан”, изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.