Пратеникот Павле Богоевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не личи на сериозна партија, а прави чекори, кои, според него, не ги прават ниту малите деца.
„Ова што го правите не е демократија, туку несериозност. Пред две години, кога лицето што сè уште е претседател, ослободи 62 лица од криминал, го роди движењето што ве тргна од власт. Оние што влегоа во Собранието не ги нападнаа пратениците, туку сите граѓани. Вината не барајте ја кај нас, туку меѓу вашите редови и луѓето што денес не се тука. Тоа што го правевте е за да спасите луѓе од кривичен прогон, да го спасите вашиот претседател. Тој дојде еднаш, истури чаша вода кај претседателот и пред целиот свет покажа каков е, односно дека е силеџија“, вели Богоевски.