Фросина Ташевска-Ременски од СДСМ посочи дека опозицијата не зборува за факти туку, како што рече, се уште живеат во време на стари факти кои важеа за периодот додека беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, а креатор на политиките беше Никола Груевски.

Потсети на, како што рече, штетните политики што ги наследи оваа Влада од политиките на Груевски. Истакна дека 31 милион евра биле потрошени од буџетот на РМ за рекламирање на бизнис потенцијалот на земјата во странските медиуми, 130 милини ева за промовирање на странски инвестиции, за роуд шоуата на Владата за старнски инвестиции биле потреишени 12,5 милиони евра без платите на економските промотри. Владата потрошила 225 милиони евра за промовирање на 25 странски инвеститори во Република Македонија.

Оставената дупка во ПИОМ изнесува близу 500 милиони евра или се работи за, како што рече, математика на расипничко трошење на буџетските средства. Според неа, скриен долг имаат фондовите, јавните претпријатија, општините, министерствата во вкупен износ од 363 милиони евра.

За обвинувањата од опозицијата дека има подривање на национални интереси, Ременски рече виталните интереси на Македонија се заштита и унапредување на мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните.

- Не подгреваме меѓуетнички тензии и несигурност кај граѓаните со фиктивни вести... Од оваа говорница се подриваше мирот и стабилноста на Република Македонија со говорите за време на конститутивната седница и сите изминати периоди додека пратениците се обраќаа од оваа говорница, рече Ташевска-Ременски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 19:33