За жал, ова е влада која што урива наместо да гради. Ова е влада која што крши Устав, наместо да го штити. Ова е влада која што погазува закон, наместо да работи по закони. Ова е влада која под лагата на соживот, прави поделби помеѓу граѓаните. Ова е влада која што не ја заслужува ниту еден Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав, Бошњак, Ром и други истакна Ане Лашкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека пензинерите во Македонија останаа излажани. За време на ВМРО-ДПМНЕ, потсети Лашкоска, пензиите постојано се зголемуваа, за разлика од сега кога интересите на пензионерите се заборавени од владата на СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ кога е на власт отвара и гради, а СДСМ затвора и руши. Животот според СДСМ дојде, ама просечната плата од 30.000 денари ја нема. Зар мислите дека народот заборави? Каде се интересите на пензионерите господине премиере? Каде се покачувањата кои што ги ветивте дека ке бидат двапати годишно? Ова пензионерите го паметат исто како што паметат за секое ветување за зголемување на пензиите кое што го ветуваше и исполнуваше ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Лашкоска.

Лашкоска додаде дека најмалата пензија во времето на ВМРО-ДПМНЕ се зголеми за 90,32 %. За скандалот што се случи во домот 25-ти Мај каде што беа силувани малолетни деца, таа истакна дека Царовска веднаш требаше да си даде оставка од позицијата Министер на труд и социјална политика.

Таа додаде дека има низа на скандали во социјалните институции каде што, за жал, не се води грижа за децата. Исто така таа посочи дека Министерството за труд и социјална политика ветуваше отварање на 12 детски градинки, но јавноста виде само 6 кои беа започнати во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Лашкоска упати критика до минстерката Цароска заради тоа што во Прилеп една градинка веќе година дена остана затворена и сето тоа заради хировите на министерката.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 20:08