Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија од собраниската говорница на денешната седница за гласање недоверба на владата истакна дека денеска не требало да се случи интерпелација на владата туку да има колективна оставка на членовите на владата. Меѓу главните причини зошто владата требала досега да даде колективна оставка е бидејќи од најавените проекти владата на СДСМ за првите шест месеци остварила само 0.3 проценти. Односно СДСМ за првите 183 дена најавиле 372 проекти, а од нив реализирале само 10.
-Во еден ваш документ бомбастично најавуван на 37 страни кој што се вика ,,Планот за живот 180 степени”, итни реформски приоритети во првите 6 месеци сте навеле 372 проекти. Почитувана македонска јавност ви ветиле дека ќе реализираат 372 проекти за 183 дена. Знаете колку реализирале? 10. Нивниот процент на реализација е 0.3 проценти. Неуспешноста е 99.07 проценти, вели Стевананџија.
Стевананџија забележа дека нема ниту една нова странска инвестиција и дека се уште нема поврат на ДДВ-то кое беше едно од клучните ветувања на СДСМ во предизборието. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја потсети владата дека се уште нема покачување на платите на докторите на 100 илјади денари. Благодарение на владата на СДСМ пензионерите земаат и помали пензии за 700 денари, додаде тој.