– Повеќе земате од буџетот, а помалку трошите. Eве на пример во 2006 немаше проекти, немаше ништо, па се пуштаа пари во оптек за фирмите. Одобренија за градба до сега имате издадено во вредност од 21 милијарда, значи во ова поле падот ви е 41 отсто во градежништвото, истакна пратеникот Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ на денешната седница во Собранието на која се гласа доверба на владата, осврнувајќи се на економските политики на владата.
– Зголемувајте даноци, бадијала ви е, пак нема да ги реализирате проекциите за бруто домашен производ. Оваа влада е сконцентрирана на една тема, но што ќе правиме ако не успеете во неа. Овие последици што ги оставате на сите други полиња нема да може да се исправаат со години, додаде Димовски.