Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вечерва се обрати на седницата во Собранието на која на дневен ред е интерпелацијата на Владата предводена од СДСМ:

– Јас се чудам чија интерпелација е ова, на сегашната власт или како што се обидуваат колегите од СДСМ, на Владата што 10 месеци не е на власт. На избори изглеговте и кажавте дека имате план за живот, денеска сите дискусии се дека многу тешка ситуација затекнавте. Заврши таа приказна, ако не чинела Владата претходно тоа е завршено, процесите, БДП, култура, економија, сè зависи од вас. Џевдет Адеми 15 минути зборуваше колку не чинела минатата Влада, а со негов глас тоа беше Влада.

– Овие пратеници што сега хвалоспеви даваат за Владата, за две недели ќе кажуваат дека реконструкираната влада ќе внесе нов живот, нова вредност, нова динамика во работата. Главен фокус денеска ви е долгот, почитувани колеги, долгот на крајот на минатата година бил 3,851 милиарди, денеска е 3,958 милиони евра, значи е зголемен. Статистички е поради напумпаниот проектиран раст, уште минатата година ви реков да се кладеме дека нема да го оставрите тој раст. Сега прокетирате раст 3.6 отсто раст, ако го остварите владејте уште 10 години. Државниот долг на државата е зголемен во време на СДСМ, ем велете дека враќате долгови, ем долгот се зголемува. Во изборите велевте дека околу 500 милиони евра се краделе од буџетот, е сега не крадат, сега има плус 500 милиони евра, но пак долгот расте. Може да ги покривате, се уште се во еуфорија, со гола политика, со ароганција покривајте го ова. Ова како бумеранг ќе удри на економијата сериозно, ние како опозиција сме должни да ве предупредеме. Ем викате дека враќате долг, а долгот расте а 500 милиони не се краде од државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 20:58