Никола Груевски, ти си минато, Македонија чекори напред, Македонија расчисти со тебе, ти си дел од темното минато, му порача премиерот Зоран Заев на поранешниот премиер, Никола Груевски на денешната седница за недоверба на Владата.
Тој ѝ порача на опозицијата дека е задоволен што гради консензус со неа и дека и прашањето за доверба на Владата го сфаќа како можност за корекција. Најави продолжување на политичкиот дијалог со ВМРО-ДПМНЕ.