„По ова цунами, ја потрошивме зимата на планови и проекти. Пролетта ќе биде за остварување. Со контрибуцијата на опозицијата во парламентот, ќе биде поголема мотивацијата. Работиме за унапредување на патната инфраструктура. Кинеските провизии некој ги здипли во својот џеб, а домашните компании работат за 57 проценти помала сума од кинеските компании“, рече премиерот Зоран Заев во неговото завршно обраќање на собраниската седница за интерпелацијата против Владата.

Според него, парите се враќаат кај граѓаните со сите направени ревизии, мерки, субвенции добиените грантови. „Можам да набројувам до утре сабајле, сите мерки кои ќе дадат напредок на државата. Кратиме од непродуктивните трошоци за да ја зголемиме социјалната помош, која во јануари идната година ќе ја подигнеме на 11.500 денари“, рече Заев



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 22:06