Поранешниот американски претседател Џими Картер го предупреди актуелниот претседател Доналд Трамп дека треба да избегнува воени акции во Сирија или во другите светски жаришта, со цел по секоја цена да не се случи нуклеарен напад.

- Се молам дека ќе ја зачува нашата држава во мир и нема да претерува или да ги влошува предизвиците кои доаѓаат од Северна Кореја, Русија или Сирија. Се надевам дека тоа го сфаќа многу длабоко, како што јас и другите претседатели, дека секоја размена би можела да значи катастрофа за сите луѓе, изјави 93-годишниот Картет при промоцијата на неговата книга „Вера: Пат за сите“.

Тој додаде дека дури и мал воен напад е „опасна работа“, која може да излезе од контрола.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 08:22