Во новиот извештај на фирмата за безбедност на интернет „Бромиум“ се наведува дека сајбер криминалот навистина се исплати, бидејќи кибер криминалците заработуваат и до два милиони евра годишно.
Во документот се посочува дека сајбер криминалците годишно заработуваат исто како извршен директор на некоја компанија.
- Еден сајбер криминалец во Велика Британија троши по 2.000 фунти на проститутки, друг троши повеќе од еден милион евра на скапи спортски автомобили и казина во Лас Вегас. „Просечените“ хакери заработуваат малку помалку од еден милион евра годишно, а почетна плата во сајбер криминалот е околу 50.000 евра, се наведува во извештајот на „Бромиум“.
Студијата е изработена од Универзитетот Сари, при што е утврдено дека сајбер криминалците се многу професионални и ја копираат структурата на легитимните технолошки компании како „“Убер“ и „ЕрБнБ“.
„Бромиум“ истакнува дека хакерите ретко одговараат пред законот бидејќи виртуелно се невидливи, а за властите еден од најголемите предизвици е да уапсат професионален хакер.