Пратениците на СДСМ вчера не собраа храброст да и кажат не на недемократската, неспособна и расипничка влада.

Пратениците од СДСМ и ДУИ се ставија во заштита на криминалот, корупцијата, неработењето, катастрофално лошите економски политики и заробената држава.

Со секој изминат ден со Заев и врхушката околу него, стандардот на граѓаните пропаѓа, а државата трпи огромни штети. За 10 месеци откако е на власт, животот дојде само за Заев и неговите најблиски соработници.

1.5 милијарди задолжување, пад на индексот на корупција за 17 места, 0% раст на БДП, 20% пад на градежништвото, 3.5 денари покачување на акцизата на нафтата, најавата за покачување на даноците и многу други штетни политики ја носат државата кон бездна.

Оваа влада е најнеспособната влада во историјата на Република Македонија. Ниту знае, ниту умее, ниту работи во интерес на државата и нејзините граѓани.

Катастрофално лошите економски политики и целосната стагнација на државата со ништо не може да се оправда или прикрие. Залудни се обидите за дефокусирање на јавноста со судските процеси против десетици патриоти и чесни граѓани на Република Македонија.

Граѓаните не можат да бидат манипулирани. Граѓаните гледаат дека додека СДСМ ја уништува државата им сервира политички монтирани случаи за нивно дефокусирање од реалните проблеми.

Десетици истакнати граѓани, лекари, архитекти, уметници и режисери неосновано се влечат по судови и притвори. Само затоа што не се согласуваат да бидат слепи политички слуги на Зоран Заев. Десетици патриоти невино обвинети се предмет на политички терор затоа што Заев мисли дека на тој начин ќе го оттргне вниманието на народот од реалните проблеми во кои државата од ден во ден се повеќе тоне.

Државата не смее да биде заложник на Зоран Заев. СДСМ не може да обезбеди ниту праведност ниту економски раст. Граѓаните заслужуваат правна држава со стабилни институции. Тие заслужуваат економија која расте и нуди перспектива. Граѓаните заслужуваат подобро. Оваа влада мора да падне.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 09:39