Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон не ја започна новата сезона според очекувањата, но изрази надеж дека на следната трка закажана за претстојниот викенд во Кина ќе тргнат работите во за него посакуваниот правец.

- Знам дека ќе дојдат убавите моменти. Секогаш сум имал среќа во Кина и очекувам да биде така и на трката в недела. Треба да дадам максимум да ја спречам серијата на Фетел. Не смеам да дозволам разликата да стане преголема, изјави пилотот на Мерцедес.

Британецот по само две трки на стартот од сезоната, во Австралија и во Бахреин, има двоцифрен заостаток.

- Точно е дека Фетел веќе има 17 бода предност. Но, има уште 19 трки, долга е сезоната, па се надевам дека ќе спречам комотна предност на Фетел, изјави Хамилтон.

Трката за Големата награда во Кина ќе се вози во Шангај в недела со почеток во 8 часот и 10 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 12:45