Поминаа 7 дена од нашата реакција, за проблемите кои се јавуваат во врска со откупот со пролетната зелка во струмичкиот регион.

Освен посетата на одредени претставници на министерството и владата кои во свои портали фалејќи се дека Господ ги црпнал од Скопје и ги пратил во струмичко да го решат проблемот, и како истите експресно го решиле проблемот со откупувачите и производителите, и договориле цената да се движи од 20-25 денари по килограм, на лице место се констатира друга состојба.

Состојбата е следна:

Забележано е драстично намалување на количините на откупената зелка, иако откупувачите до вчера декларативно ја држеа цената од 20 денари. Откупните пунктови ги држат повеќе затворени отколку отворени. При тоа во периодот по велигденските празници забележано е драстично намалување на количините на откуп, а во одредени региони откупот е целосно запрен.

Истите откупувачи имаат добиено целосни инструкции да не откупуваат зелка од лицата кои протестираа минатата недела заради ниските цени, така да се случува дискриминација на лице место, и производителите се делат на подобни и неподобни согласно правилата на неспособната влада.

Има обиди одредени откупувачи да ја исплаќаат зелката со репроматеријали наместо со пари, со тоа откупувачите сакаат да постигнат одредена корекција на цените.

И покрај ветувањата на неспособната влада дека цената ќе се движи од 20-25 денари во моментот на ова обраќање цените на откупот изнесуваат 15 денари по килограм, со тенденција на понатамошен драстичен пад.

Во одредени региони на полињата има и до 70% од засеаната зелка, па производителите се соочени истите количини да презреат и да им пропаднат, заради слабиот откуп последниве денови.

ВМРО-ДПМНЕ целосно ја следи состојбата согласно сопствените политики и заложби кои со години наназад ги практикува, иако до пред некоја година актуелниве властодршци со индигнација не нарекуваа земјоделска, селска влада. Ја користиме оваа прилика да се обратиме до јавноста со овие конкретни согледувања кои укажуваат дека состојбите со откупот се далеку од нормални.

Истовремено ја повикуваме владејачката СДСМ и министерот за земјоделство кој во континуитет испраќа црпнати експерти кои како манекени со брендирана гардероба се шетаат по разно разни состаноци при тоа давајќи небулозни изјави, самиот да излезе на лице место меѓу земјоделците за да доколку може реално ја согледа состојбата која воопшто не е розова и во наредните денови може да се радикализира. И да преземе конкретни мерки.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира да се применат законските мерки за случаи кога има вишок на производи и преку интервентни мерки министерството да го регулира пазарот.

Господо од СДСМ оваа е неопходно доколку сакате да се спаси овогодишниот род и сите инволвирани страни да бидат задоволни.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 13:46