Градоначалникот Шилегов и СДСМ ветуваа декларативно подобар живот, а на Скопјани им носат поскап паркинг.

Наместо општество за сите, прават паркинг само за богатите.

Откако мерката за забрана за возила на Средно Водно им доживеа фијаско, и селективно се пропуштаа возила, Шилегов сега воведува платен паркинг од неверојатни 100 денари за првиот час или нова паркинг зона А0.

Ова е одлука со која елитата на СДСМ си го приватизира Средно Водно.

Ова преставува и одредена финансиска дискриминација и сериозна пречка за семејствата со мали деца, за возрасните Скопјани, за лицата со хендикеп, директен атак на оние кои од реални причини не можат пешки до Средно Водно.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Град Скопје не се согласуваат воопшто со оваа мерка која е на штета на сите граѓани. Незамисливо е неспособноста на градот да менаџира со еко зоната Средно Водно да ја плаќаат граѓаните. Со ова паднаа во вода и сите нивни декларативни заложби дека ќе ја заштителе парк шумата Водно од потенцијалните загадувачи. Тие со оваа мерка велат ќе има загадување, но ќе загадуваат само оние кои што имаат подлабок џеб. Се работи за дискриминаторска и исклучиво штетна мерка, Скопјани не смеат да плаќаат најскап паркинг во регионот од 100 денари од првиот час и затоа бараме од Советот на Град Скопје веднаш да ја повлече оваа дискриминаторска одлука.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 13:49