Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија, Тајсон Фјури ќе ја одржи својата прва борба од речиси три години во арената „Манчестер“ на 9 јуни, објави британскиот весник „Стандард“. Фјури (29) нема боксувано од ноември 2015 година кога од Владимир Кличко ги одзема титулите IBF, WBA и WBO. Беше суспендиран на две години во 2016 година поради проблеми со допинг. Целта на Фјури е да одржи грандиозен дуел со Ентони Џошуа на „Вембли“ во 2019 година, но за да стигне дотаму треба да одржи неколку борби за качување на рејтингот и да докаже дека се уште е во меѓу елитата на тешката категорија. Неговиот промотор, Френк Ворен сепак не беше подготвен да го каже името на противникот, против кој Фјури ќе се бори во јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 14:19