Британецот Том Чрч (27), кој постојано се труди да мине што поевтино во својот живот, овојпат одбрал да купи автомобил наместо билет за воз од Лондон до Бристол, оти тоа го чинело многу помалку.

Возилото е старо 21 година, а првично е наменето за патување до 160 километри. Том веќе подолго време имал намера да го посети својот пријател во Бристол, но она што го одвраќало е цената на билетот, па решил да побара поевтина алтернатива.

Така, си купил „Хонда Сивик“ од 1997 година, платил осигурување, гориво и патарина и сето тоа чинело 206,81 фунта (238 евра). Половниот автомобил вредел 92 евра, патарината - 93,7 евра, еднодневно осигурување - 23,5 евра, а горивото - 28,8 евра.

Тоа е за 13 евра помалку од цената на повратна карта Лондон - Бристол - Лондон, која чини 251 евро.

- И ова е скапо, но идејата ми беше да покажам колку се скапи картите за воз во Велика Британија, рече Чрч.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 12:09