Милијардерот Тим Дрејпер изјави денеска дека има доволно поддршка да побара од граѓаните на Калифорнија да се изјаснат дали сакаат нејзина поделба на три држави.

Тој рече дека планира да предаде повеќе од 600 илјади потписи следната недела. За покренување изјаснување во ноември потребни се повеќе од 366 илјади потписи.

Калифорнија е најнаселена држава во САД.

Приврзаниците на поделбата сметаат дека државата толку пораснала и не може да одговори на лотребите на граѓаните додека критичарите сметаат дека создавање три држави нема да придонесе ништо за решавање економски и политички проблеми на Калифорнија.

Дрејпер предлага формирање Калифорнија, Северна Калифорнија и Јужна Калифорнија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 13:56