Поминаа 11 месеци, а владата сеуште го нема реализирано планот 3 - 6 - 9, кој според рокот што сами си го зададоа требаше да биде завршен уште во февруари, односно пред 2 месеци.

Владата денес призна дека е неспособна и дека и по два месеци доцнење, реализирала само 90% од планот за реформи 3 - 6 - 9.

СДСМ покажа слаба способност за реализација на реформите. Нивото на реализација на реформскиот пакет за девет месеци беше само 42%. Напредокот во реализацијата на реформите е постигнат со учеството на ВМРО-ДПМНЕ и поддршката за реформските закони, која ја дадовме заради евроатлантската иднина на државата.

ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка на законите, затоа што без наша амандманска интервенција истите ќе беа катастрофални. Сега истите се подобрени.

Извештајот на ЕУ ќе биде позитивен заради политичкиот моментум, но истиот и јасно ќе покаже колку се потфрлило во реформите, поради неспособноста на власта.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 13:57