Американската амбасада во Камбоџа отпушти 32 работника бидејќи учествувале во споделување на порнографска содржина во неофицијална група на социјалните мрежи.

Според западните медиуми, фотографии и видео снимки, на кои се наоѓаат и лица помлади од 18 години, биле споделувани преку група на Фејсбук.

Фотографиите ги открила сопруга на еден од вработените и го пријавила случајот во Амбасадата, која, пак, ги испратила во Федералното истражно биро (ФБИ).

- Одземени им се акредитациите и телефоните поради натамошна проверка, наведува анонимен извор.

Меѓу отпуштените има и Американци, припадници на обезбедувањето и локален персонал, но нема дипломати.

Стејт департментот засега не го потврди случајот, објаснувајќи дека станува збор за доверлива работа.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 22:46