Акциите на компанијата Русал на рускиот бизнисмен Олег Дерипаска ќе исчезнат од берзата, пренесуваат светските медиуми.

Американското Министерство за финансии најави санкции против седум руски олигарси и 12 компании во нивна сопственост, односно под нивна контрола, со образложение дека профитираат од „малигни активности“ на руската држава во целиот свет.

Групата руски бизнисмени, меѓу другите, ги вклучува Олег Дерипаска и неговата Русал, чии акции котираат на берзата во Хонг Конг и неговата холдинг група Ен груп.

Акциите на Русал, кој спаѓа меѓу најголемите производители на алуминиум, ќе бидат избришани од светските индекси, а најавена е и забрана за тргување на неговиот метал на Лондонската берза на метали (ЛМЕ) и групата ЦМЕ.

ФТСЕ најави отстранување на Русал и Ен груп од своите индекси на отворањето на берзите, почнувајќи од денеска.

Медиумите утрово објавија дека цената на Русал, Ен Груп и швајцарската компанија „Сулзер“ веќе не се појавуваат. Олег Дерипаска е еден од најбогатите Руси, близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 22:54