Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе тргне од првата стартна позиција на трката за Големата награда на Кина. На денешните квалификации во Шангај, Фетел извози најбрз круг со време 1:31.095 минута што беше за 0.087 секунда побрзо од неговиот клупски колега Кими Раиконен кој ја зазема втората позиција.

Од вториот ред на утрешната ќе тргнат возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

По нив од петта до десеттата позиција се пласираа Макс Верстапен, Даниел Рикаирдо, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Карлос Саинц Јуниор и Роман Грожан.

Главната трка за кинеското Гран при ќе почне утре во 9 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 14:50