Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ доби член во Извршниот одбор на Демократската Младинска Заедница на Европа.

“Голем историски успех на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ!

Бојана Наумоска е избрана за член на Извршниот Одбор на Демократската Младинска Заедница на Европа, подобро позната како DEMYC.

Оваа организација претставува здружение на младински политички крила на демохристијански и конзервативни партии од цела Европа, но и други земји како Русија, Израел, Ерменија и слично.

Бојана ќе има шанса не само да ја претставува Унијата на Млади Сили меѓу младинските политички елити туку и да ги застапува и брани македонските државни интереси.

Многу повеќе, таа од денес, заедно со нејзините нови колеги од цела Европа, ќе се бори за просперитет за сите млади луѓе!

Додатно, уживајќи ја довербата на повеќе земји од регионот, таа ќе биде во позиција да претстави едно ново лице за Балканот пред нашите пријатели во Европа и светот.

УМС и ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено ќе стојат позади сите чекори на Бојана!

Како и до сега и во иднина, УМС ќе се залага за тоа што повеќе луѓе од нашата партија и држава да завземаат раководни функции во регионалните, европските и светските организации.

Победата за секој прогресивен млад човек од нашата држава, значи и победа за нашата Македонија!, истакна Претседателот на Унијата на Млади сили Лука Кржалоски.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ доби член во раководоството на Демократската Младинска Заедница на Европа


Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 14:58