Дали под откривањето на мега скандалот, кој отвара сомнеж за местење на 320 милионски тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола за фирмата Пелистер ДОО Битола, која важи за блиска до врвот на СДСМ, во средата на 11 април експресно е направена промена во тендерската документација. Ова е оргиналниот документ од јавниот повик каде јасно се гледа дека единствен критериум за избор на економски оператор е да има ископани минимум 900.000 тони јаглен во последните три години.

Ваквиот критериум го исполнува само една компанија во државата. Ова е објавено на 15 март.

Овој документ е измена на тендерската документација која е направена пред три дена, токму кога ВМРО-ДПМНЕ предупреди и објави сомнеж за постоење на криминалната шема за испумпување на пари од Буџетот директно во џебовите на оваа криминална власт. Согласно овој документ тие додаваат уште еден услов, цитирам „900.000 тони јаглен или 1.000.000 м3 јаловина“ . Дали ова се прави за да се скрие скандалот дека тендерот се мести само за една компанија.

Дали на денот кога Собранието одлучуваше за прашање на доверба на владата каде пратениците на СДСМ ја воспеваа оваа беидејна и криминална влада, зад кулисите ги променија условите бидејќи беа фатени во тесно? Откако се фатени во флагрантно местење на 320 милионскиот тендер за сметка на Пелистер ДОО Битола, власта се впушта во промена, и во веќе објавен тендер покрај првичниот и единствен критериум, ископувачот да има ископано 900.000 тони јаглен во последните три години, услов кој го исполнува само Пелистер ДОО Битола, се внесува и алтернативен услов, за на тендерот формално правно да можат да се јават и фирми кои имаат ископано 1.000.000 м3 јаловина, услов кој може да биде исполнет од поголем број на фирми кои се занимаваат со градежни работи.

Власта е фатена во милионски криминал, кој не може да го сокрие. За ваквиот начин на постапување мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ бара овој тендер веднаш да биде поништен и да се распише нов со еднакви услови за учество. Истовремено го повикуваме Јавното обвинителство по допрен глас да отвори истрага и да утврди кривична одговорност за сите вмешани во случајот.

Граѓаните очекуваат од институциите да работат во нивен интерес, а не во интерес на власта.

Буџетот не смее да биде средство за полнење на џебовите. Оваа власт покажа како не смее и не треба да се работи. СДСМ е равентство на криминал и корупција. Оваа неспособна, безидејна и криминална влада мора да замине.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 15:12