ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со 11 годишното неодговорно и криминално владеење го урниса образовниот систем и нанесе огромни штети врз високото образование нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во образованието.

Со новиот Закон за високо образование за кој ВМРО-ДПМНЕ денес глуми загриженост повторно се враќаат асистентите и демонстраторите на факултетите, што беа укинати токму од ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот Закон се отвора можност факултетите без согласност од Министерството за финасии да ангажираат демонстратори на факултетите, што ќе овозможи поголема можност за ангажирање на млади луѓе кои сакаат да градат академска кариера.

Крајно лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да предлага амандмани за коефициенти на плати за професорите кога се знае дека токму таа партија цели 11 години, освен што расипнички и криминално ги трошеше парите на граѓаните, не направи ништо за подобрување на статусот на професорите и остави огромни долгови во образованието.

Со новиот Закон за високо образование предвидена е и обврската државата да ги плаќа комуналните, тековни трошоци за функционирање на факултетите.

За разлика од потценувачкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон образованието, Владата предводена од СДСМ го унапредува образованието. Доказ за тоа е зголемениот буџет за високо образование кој е за половина милијарда денари, односно за 20 отсто поголем во однос на буџетот од минатата година.

Лицемерната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ не го менува фактот дека Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство успешно ги надминуваат наследените штети од расиничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и активно работат на создавање модерно и квалитетно образование во интерес на наставниците, професорите, студентите и учениците.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 18:23