Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Зекир Рамчиловиќ

Ниту професорите, ниту студентите немаат полза од тоа што приоритет на СДСМ е да му опонира на ВМРО ДПМНЕ наместо да се труди да обезбеди повеќе средства за високото образование. Ваквото однесување е резултат на нивната неспособност и незнаење.

СДСМ немаше слух за амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ со кои меѓу другото се предлагаше покачување на платите на сите универзитетски вработени и покачување на процентот од БДП кој се одвојува за високото образование.

Со ова не направија штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку направија штета за студентите, професорите и општо на образованието во Македонија.

Сега јавноста на дело ја виде дволичноста на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 18:24