Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на АД ЕЛЕМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Денешната реакција на АД ЕЛЕМ е уште една потврда дека оваа државна фирма е во паника и влегува од скандал во скандал.

Имено АД ЕЛЕМ веднаш после објавувањето на скандалот со тендерот за ископ кој според сите сомнежи бил местен за една фирма, во очај и брзоплето додавале нови услови во тендерот.

Измена на тендерската документација е направена пред три дена, токму кога ВМРО-ДПМНЕ предупреди и објави сомнеж за постоење на криминалната шема за испумпување на пари од Буџетот директно во џебовите на оваа криминална власт. Согласно овој документ тие додаваат уште еден услов „900.000 тони јаглен или 1.000.000 м3 јаловина“ .

Ова само покажува дека додека пратениците на СДСМ се пенавеа во Собрание да ја оправдаат Владата за своите скандали, некој во ЕЛЕМ менувал тендерски услови. Власта е фатена во милионски криминал, кој не може да го сокрие. За ваквиот начин на постапување мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ бара овој тендер веднаш да биде поништен и да се распише нов со еднакви услови за учество.

Ако органите на прогонот и правдата навистина сакаат да се борат со корупцијата и криминалот, тогаш треба да го испитаат овој крајно сомнителен тендер во АД ЕЛЕМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2018 18:27