САД се подготвени повторно да нападнат во Сирија доколку Владата на претседателот Башар ал Асад повторно одлучи да употреби хемиско оружје, изјави американската амбасадорка во Обединети нации, Ники Хејли на денешната седница на Советот за безбедност на ОН.
- Убедени сме дека му наштетивме на програмата за хемиско оружје на Сирија. Подготвени сме да продолжиме со притисокот, ако се доволно луди да не тестираат, посочи Хејли.