Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги пофали денеска воздушните напади на САД, Франција и Велика Британија врз Сирија, како доказ за нивната посветеност да се спречи употребата на хемиско оружје.

Нетанјаху во соопштение истакна дека заедничката американско-британско-француска операција покажува дека посветеноста на тие земји не е ограничена на прокламирање принципи.

Тој го предупреди сирискиот претседател Башар ал Асад дека неговите настојувања да дојде до „оружје за масовно уништување“ и овозможувањето на Иран да се етаблира во Сирија, ја загрозуваат таа земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2018 14:05