СДСМ не се грижи за безбедноста на граѓаните во Гази Баба.
Kако поинаку да се толкува фактот што Министерството за внатрешни работи со месеци нема назначено командир на полициската станица Гази Баба која покрива речиси половина од Скопје и која е одговорна за над 100 илјади граѓани.
Граѓаните на Гази Баба се сведоци на грабежи, насилства и закани по нивната лична безбедност, а Министерството сеуште не именува соодветна личност за вршење на оваа функција. Со други зборови оваа полициска станица е обезглавена.
Согласно законската процедура Министерството за внатрешни работи предводено од Оливер Спасовски треба до Советот на општина Гази Баба да поднесе предлози за именување на командир на полициска станица, но тоа како што рековме со месеци веќе не го прави.
Тоа е доказ дека на МВР не му е грижа за безбедноста и сигурноста на над 100 000 граѓани и нивните имоти.
Ваквиот индолентен однос остава простор криминалците слободно да хараат на просторот на нашата општина и пошироко во целата надлежност на полициската станица и на тој начин да го загрозуваат редот и безбедноста.
Што треба да се случи за Оливер Спасовски и градоначалникот Георгиевски да ја сфатат сериозноста на ова прашање?
Граѓаните заслужуваат да бидат сигурни дека органите задолжени за редот и мирот функционираат во полн капацитет и ваквата несериозност од страна на надлежните со право ги загрижува.