Вчера во 14.00 часот било пријавено дека во нива во село Усје, скопско, С.С. (47) од село Усје, го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лицето Л.С. (59) од истото село.

Додека Л.С. работела во нивата заедно со нејзиниот сопруг, а алиштата ги ставила на столбовите од лозјето на С.С.. Таа (С.С.) ги фрлила алиштата и започнала со клешти да ја удрира Л.С. во пределот на главата по што и нанела видлива повреда. После тоа, ја турнала на земја и почнала со раце да ја дави.

По целосно документирање на случајот против С.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 13:22