Јапонецот Кеи Нишикори го совлада чешкиот тенисер Томаш Бердих со резултат 2:1 (4:6, 6:2, 6:1) во сетови, во првото коло на Мастерсот во Монте Карло.

Иако Бердих по освојувањето на првиот сет изгледаше како фаворит за победа против јапонскиот тенисер, кој има проблеми со повредата на зглобот на раката, сепак Нишикори успеа да направи пресврт и следните два сета ги доби во своја корист.

Во следното коло Нишикори ќе игра против рускиот тенисер Данил Медведев.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 14:12