Интегрален текст од изјава за медиуми на Филип Ѓорѓиев

Почитувани,

Владата на СДСМ е до гуша заглавена во криминал и корупција.

Криминалниот тендер меѓу АД ЕЛЕМ и Пелистер ДОО Битола ја чини државата и граѓаните еден милион евра повеќе отколку што истата фирма претходно понудила за да биде завршена истата работа.

Колку од овие пари легнаа на сметка на Зоран Заев и Вицето? Колку евра по гигаџул требало да плати компанијата Пелистер на Заев, а колку на партијата?

Криминалното работење по принципот евро за Вицето, евро за партијата и евро за црквата картелот на власт го унапреди и надгради.

Тендерот од 320 милионски на АД ЕЛЕМ, смрди на криминал. По обелоденувањето на случајот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, експресно беше извршено дополнување на критериумите за учество во тендерската постапка. Кој е уделот на Заев во целиот скандал и дали освен него се инволвирани и други високи функционери на СДСМ ?

Дали СДСМ ги користи парите на граѓаните за богатење на функционерите од врвот на власта?

Колку пари на граѓаните откако СДСМ е на власт завршија на приватни сметки?

Дали сомнителните милионски договори во четири очи, беа главната причина поради која СДСМ по преземањето на АД ЕЛЕМ го поништи постапката за набавка на сопствена опрема за ископ распишана од ВМРО-ДПМНЕ, за потребите на РЕК Битола, па ова претпријатие наместо со сопствени ресурси мора да плаќа милиони евра за ископ на приватни фирми?

До кога парите на граѓаните наместо за нови проекти, ќе завршуваат за милионски тендери во четири очи во корист фирми за кои постои сомнеж дека се блиски до власта?

Почитувани,

СДСМ сфати дека ја промаши работата со лагите и клеветите на директорот на ЕЛЕМ. Неговите 48 часа за извинување до Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истекуваат, па затоа сега очајнички се обидуваат да го покријат со бледи изјави на претставнички на СДММ.

Ваквата несериозност и манипулации не поминуваат. Одговорност за криминалот мора да има и ќе има кога ќе се врати правната држава.

Граѓаните чекаат одговори. Зоран Заев не смее да продолжи со своето расипничко однесување со Буџетот.

Оваа влада мора да си замине.

Граѓаните заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 17:42