Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Зекир Рамчиловиќ
СДСМ нема демократски капацитет да прифати сугестии кои беа во насока на подобрување на Законот за високо образование. Впрочем СДСМ не прифаќа амандмани кои беа во насока на подобрување на статусот институтите кои вршат научно - истражувачката дејност од национално значење за Република Македонија. Токму со Законот се деградираат овие установи од национален интерес, Институт за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Институт за фолклор „Марко Цепенков” и Институт за македонска литература, како и статусот на нивните вработени.
Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беа добронамерни. За жал СДСМ ослепени од омразата кон политичкиот противник, им прави штета на научните установи, професорите, студентите и општо кон образованието.
СДСМ покажа лицемерие и низок демократски капацитет.