Мицкоски втор ден избегнува да се произнесе по официјалните информации од АД ЕЛЕМ според кои веднаш откако Мицкоски стапил на функцијата директор, АД ЕЛЕМ склучило договор преку непосредна спогодба, со две компании, во вредност од 10,5 милиони евра.
Наместо да се крие зад лажните вести на неговата партија, Христијан Мицкоски треба излезе пред јавноста и да одговори на прашањата поврзани со неговото раководење со АД ЕЛЕМ.
Мицковски е должен да објасни пред јавноста за овој договор од 10,5 милиони евра и да одговори зошто цената за ископ во овие договори е повисока од сегашната цена за ископ и зошто на вработените во АД ЕЛЕМ не им биле исплатен надомест за К 15 за 2017 година?
Мицкоски мора да даде одговори на овие прашања. Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и заканите за тужби на Мицкоски нема да ги сокријат официјалните податоци за дејствувањето на Мицкоски како генерален директор на АД ЕЛЕМ.