Авион на кинеската компанија „Ер Чајна“ бил пренасочен и принудно слетал, откако патник се заканувал на екипажот со молив.

Тој сообраќал на линија од Чангша до Пекинг, но принудно слетал во провинцијата Хенан. Во инцидентот е уапсен 41-годишен маж, за кого се претпоставува дека има ментални проблеми.

На фотографиите што се појавија на кинеските социјални мрежи се гледа човек како држи член на посадата за врат додека му се заканува со молив.

По инцидентот дел од патниците изјавија дека чуле врисок во авионот, но дека не знаеле што се случува.

Еден од патниците за локалните медиуми наведе дека инцидетот се случил во бизнис класата, а бидејќи биле затворени завесите останатите патници не можеле да видат ништо.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 20:10