Управата за јавни приходи на 27 април (петок) ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници.
На таа аукција ќе се продава стан со почетна цена од 77.000 евра во Битола, земјоделско земјиште почнувајќи од 4.000 евра па се до 80.000 евра во Скопје, како и голем број на возила кои се во возна состојба. Во скопје ќе се продаваат Мерцедес Е 200 од 1999 година со почетна цена 1700 евра и Алфа Ромео од 2004-та година по цена од 3000 евра како и Опел Астра од 2000-та година за нешто помалку од 1500 евра.
Во Тетово, Гостивар, Битола и Штип пак, преку оваа електронска аукција ќе можат да се купат Фиат Пунто, Волсфаген Пасат, Хјундаи Купе, Пежо Боксер и други патники и товарни моторни возила.
Покрај овие возила во Битола на аукција ќе биде ставено и Застава 101 од 1995 - та година каде што нема одредено почетна цена за аукцијата, односно истата ќе стартува од 0 денари како и Фиат Дукато од 1997-година исто така без одредена почетна цена.
На четвртата аукција оваа година организирана од страна на Управата за јавни приходи, покрај возила, ќе бидат продавани и компјутери, печатачи, лап топи. телевизори, гарнитури за седење, градежни материјали и машини додека за женскиот пол интересни ќе бидат апаратурите за целутит, солариумот, апаратури за обликување на тело како и спа столици кои ќе бидат изложени на аукција.
– За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукции/слободни комерцијални продажби на движни и недвижни ствари посетете го веб порталот. Преку веб порталот e-aukcii.ujp.gov.mk, можете да ги видите активните аукции, да разгледувате онлајн, како и да ги прегледате достапните аукциски производи (движни и недвижни работи), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
За да учествувате на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник на e-aukcii.ujp.gov.mk, информираат во УЈП.