Промотивна конференција за медиуми за почеток на проектот БалканМед ИННОВА - Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации ќе се одржи денеска во Стопанската Комора на Македонија.
Главна цел на проектот БалканМед ИННОВА е низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постојните мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи.
Проектот е насочен кон претприемачите, а целта е тие да се здобијат со нови знаења и вештини, и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.