ВМРО-ДПМНЕ очигледно не може да се помири со фактот дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати и затоа секојдневно продолжува да шири лажни вести.

Времето кога политиките се креираа заради остварување на нечии бизнис интереси, а властите работеа во интерес на поединци наместо во интерес на сите граѓани,заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

За ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку 11 годишното криминално и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа е крајно непознато дека Владата може да работи во интерес на сите граѓани, наместо во интерес на одредени поединци, како што беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, со цел да се посвети на јавниот интерес и интересите на државата, јавно соопшти дека се откажува од секакви бизнис соработки со Владата, а јавно и транспарентно го објави и својот имотен лист.

Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на политики кои обезбедуваат економски раст и квалитетен живот за сите граѓани.

Никој повеќе нема да се богати на сметка на граѓаните. Политиката и бизнисот повеќе не се испреплетуваат и крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да ја научи таа лекција.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 13:59