Реформското парламентарно мнозинство успеа да ги исполни итните очекувања на официјален Брисел, на меѓународните пријатели и на граѓаните, но не застануваме тука. Ова се истакнува во соопштението од ДУИ во кое лидерот на партијата Али Ахмети го поздрави денешниот извештај за напредок на земјата објавен од високата претстваничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Брисел, со посебен акцент на безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Ахмети, се наведува во соопштението, изрази задоволство од реализацијата и напредокот на системските реформи во земјата, што денеска беше награден од Брисел, но имаме уште работа за добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. - ДУИ вети дека ќе продолжи со реформите и за зајакнување на напорите за целосно владеење на правото, како и за борба против корупцијата и организираниот криминал. Храброста за решавање на отворените прашања се наградува, затоа храбро ќе продолжиме во периодот пред нас и кон решавање на спорот со името како наша последна пречка кон ЕУ и НАТО, се наведува во соопштението од ДУИ.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 15:29