Рожер Федерер денеска по којзнае кој пат ни докажа дека е еден од најдобрите тенисери во историјата на белиот спорт.
Според новиот рекорд што го постави тенисерот од Швајцарија, најдобро може да се види неговата доминација во тенисот во последниве петнаесетина години.
Имено, Федерер стана единствен играч кој 700 недели бил во топ 4 тенисерите во светот. Тоа е повеќе од 13 години, од кои повеќе од 11 бил меѓу првите тројца, а речиси десет меѓу првите двајца на светската ранг-листа.
Тој поминал 308 недели на првата позиција и засега е единствениот играч на кој му успеало слично нешто.
Србинот Новак Ѓоковиќ беше прв тенисер во светот за 223 недели, а Шпанецот Рафаел Надал моментално ја тера својата 170-та недела како светски рекет бр.1.