Денеска од Европската унија стигнаа добри вести за нашата Македонија.
Имаме чиста препорака за почетокот на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ!
Им честитам на сите наши граѓани. Затоа што ова пред се е нивна заслуга. Почитувани ова е ваша заслуга. Заедно успеавме.
Ова е значаен успех за Република Македонија која по долги години повторно се враќа на евроинтегративниот пат, на напредокот, на реформите за подобро утре.
Напорите во спроведувањето на започнатиот реформски процес се препознаени. Тоа е добро за сите нас.
Се потврдува исправноста и успешноста на политиките на Социјалдемократскиот сојуз, на Владата што ја предводи заедно со коалициските партнери.
Позитивниот извештај на Европската Комисија и дадената препорака за членство претставува дополнителен импулс во натамошното спроведување на зацртаните реформи, на мерките за подобар живот, во интерес на Македонија нејзините граѓани.
Впрочем и членството во ЕУ значи економски напредок, повеќе инвестиции, повисоки плати, подобар стандард и институции кои работат за граѓаните.
Почитувани граѓани,
Македонија чекори напред, слободна, напредна, демократска, земја -пријател со соседите, како едно општество за сите.
Продолжуваме заедно!
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ